10:16 - 13 ноември, 2026

Швајцарија победи на Песна на Евровизија 2024, за влакно пред Хрватска

Заврши финалето на 68. Избор за песна на Евровизија, а победата ја однесе претставникот на Швајцарија – Немо, изведувајќи ја песната „The Code“.

Минатогодишната победничка на Евровизија, Лорин, му го врачи трофејот на видно возбудениот Немо на евровизиската сцена.

Во фотофинишот на „Евровизија“, Немо беше на второто место во обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место.

Немo, којшто ги користи заменките тие/нивни, победувајќи на Евровизија, стана првиот небинарен натпреварувач кој ја однесе дома наградата, стаклен трофеј во облик на микрофон.

Бејби Лазања од Хрватска го освои високото второ место, и покрај тоа што изминатите денови го држеше првото место на обложувалниците. Бејби Лазања ги освои срцата на публиката која во еден глас пееше и танцуваше со него.

Најдобрите пет во финалето беа:

Швајцарија
Хрватска
Украина
Франција
Израел

Во финалето настапија Шведска, Украина, Германија, Луксембург, Израел, Литванија, Шпанија, Естонија, Ирска, Латвија, Грција, Велика Британија, Норвешка, Италија, Србија, Финска, Португалија, Ерменија, Кипар, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Норвешка, Франција и Австрија.

Сите учесници, гости и публика во Арената во Малме беа чувани од голем број полицајци бидејќи се одвива во екот на војната во Газа. Во текот на изминатите денови во Шведска се одржаа неколку протести во знак за поддршка на Газа, така беше и денеска.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....