01:15 - 12 ноември, 2026

Џони Деп не е планиран за Пиратите од Карибите; продуцентот потврди:„Разговараме со Маргот Роби“

Досега знаеме дека Дизни одлучи да не ја продолжи соработката со Џони Деп за франшизата Пиратите од Карибите. Од своја страна, актерот, исто така, рече дека не е подготвен да се врати во улогата на Џек Спероу. Актерот рече дека ќе одбие и понуди од 300 милиони долари „или милион алпаки“.

Дека враќањето на Деп на Пиратите од Карибите е многу далечна опција е факт потврден и од продуцентот Џери Брукхајмер кој во едно неодамнешно интервју објасни дека има интересни идеи за иднината на франшизата.

„Иднината допрва треба да се реши“, рече Брукхајмер. Во врска со гласините за можно рестартирање со женски лик, продуцентот потврди со изјавата „размислуваме за тоа. Разговараме со Маргот Роби. Подготвуваме две сценарија: едно со неа и едно без“.

Актерката, која мејнстрим публиката ја запозна со The Walf of Wall Street и Suicide Squad, би можела да биде новата ѕвезда на брендот.

Во моментов нема потврдени и дефинитивни одлуки, а изјавите на Брукхајмер повеќе личат на идеи кои лебдат во воздухот отколку на проекти ставени на маса.

Сепак, Дизни најверојатно ќе го испроба потегот за рестартирање на франшизата, а гласините од инсајдерите се повеќе насочуваат кон нов женски протагонист во нивната филмска галаксија.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....