28.8 C
Скопје
09:43 - 22 август, 2026

Карфиол со три вида кашкавал, превкусно! Рецептот ни го носи Теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни зготви карфиол со три вида кашкавал. 

– Интересен рецепт за сите оние кои сакаат лесен, здрав, брз и вкусен појадок, без брашно! – ни објаснува Теа.
Потребни состојки:
▪️1 карфиол средна големина
▪️3 јајца
▪️125 гр. моцарела
▪️100 гр. гауда
▪️100 гр. кравји кашкавал
▪️2-3 чешниња лук
▪️свеж магдонос
▪️босилек (опционално)
▪️оригано
▪️сув зачин
▪️сол и бибер
Фото – Готвиме со Теа
Начин на подготовка:
Карфиолот изрендајте го или изблендирајте го. Во длабок сад измешајте го со јајцата, ситно исецкан лук, изрендани гауда и кравји кашкавал и зачините. Оваа смеса префрлете ја во тавче обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути. Кога ќе почне да се запекува извадете го тавчето од рерна, одозгора наредете ја моцарелата и вратете во рерна да се стопи моцарелата. На крај наросете ситно исецкан магдонос.
Исецкајте на ленти и уживајте! На здравје!

Слични објави

Дневен хороскоп за 22 август: Не реагирајте импулсивно, бидете толерантни

E.A.

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.
Се вчитува....