22:32 - 29 ноември, 2026

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Децата на фолк ѕвездата поради американското државјанство морале да имаат по едно име повеќе. Лепа Брена со децении е најпопуларна пејачка во регионот, но поради семејните врски со нејзината сестра Факета, која живее во Канада и куќата на Флорида е врзана и за овој континент. Она што долго време не се знаеше е дека Брена ги родила двата сина Стефан и Виктор во Соединетите Американски Држави.

Како што некогаш беше откриено, синовите на Брена всушност се викаат Стефан Емералд и Виктор Ернест, што еден од нив потврди:

– Тие имиња се запишани во документите, но мислам дека нема потреба да се разобличуваат. Тие се чудни. Јас сум роден во Њујорк, а Виктор во Мајами и како и сите американски граѓани и ние го имаме тоа средно име – изјави претходно Стефан.

Боба и Брена и по 30 години брак се однесуваат како заљубени тинејџери, а пејачката неодамна проговори за тоа.

– Нема правило, или го знаеш или не. Не сум за одржување на вештачки однос меѓу двајца луѓе, ако не се сакаат и почитуваат, ако немаат заеднички теми, тогаш тоа е навистина приказна која има почеток и крај. И двајцата сме остварени луѓе во нашите кариери, што е многу важно. Нашата љубов е невообичаена, таа љубов доби некои фази, станавме сопружници, деловни партнери, родители… Таа љубов мора да се чува и да се разгалува, да се почитува, за да се зачува достоинството на таа љубов. Судбината нè поврзува – изјави Брена.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....