18.8 C
Скопје
02:43 - 20 август, 2026

ВИДЕО: Тина Тарнер откри што и го спасило животот по злоставувањето, мозочниот удар и загубата на синот

Музичката дива Тина Тарнер, која стои зад најголемите хитови во историјата на музиката, и покрај славата немаше многу бајковит живот. Имала тешко детство, избегала од лошиот и насилен брак со Ајк Тарнер, а нејзиниот син Крег изврши самоубиство во 2018-та година.

Покрај сето тоа, Тина доживеа мозочен удар во 2013-та година, само неколку дена по медениот месец на кој беше со нејзиниот втор сопруг Ервин Бах.

Фото: Инстаграм

Успеа да ги надмине овие лоши моменти свртувајќи се кон религијата и тоа токму кон будизмот.

„Будизмот ми го спаси животот. Во најтешкиот период од мојот живот, вклучувајќи го и семејното насилство, почнав да пеам и да учам за будистичките принципи. Кој знае дали тоа беше предодредено, но со сигурност можам да кажам дека будизмот ми дојде точно во вистинскиот момент“, изјавила Тина Тарнер за „Тајмс“.

„Кога поминував низ некои од најтешките моменти, можеби ќе ми беше полесно да се препуштам на брзите решенија како пушењето, алкохолот или дрогата. Меѓутоа, одлучив да погледнам во себе, да го допрам изворот на моето поголемо јас. Мојот драг пријател Дејвид Боуви, кој целиот живот се интересираше за будизмот, па ме нарече Феникс, по митската птица што се издига од пепелта“, раскажа таа.

Тина исто така верува дека животот не треба да го одредуваат големите проблеми со кои се соочуваат луѓето.

„Ако постои една лекција која што сум ја научила, тоа е дека големите проблеми не треба да ја одредуваат вашата иднина. Нашиот успех и среќа ги одредуваат само нашите одлуки и начинот на кој ќе се избориме со неволјите. Верувам дека сите имаме потенцијал за надминување на проблемите – и не мислам само на тоа дека можеме да ги преживееме нашите проблеми, туку и да напредуваме поради нив“, порача таа.

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....