00:02 - 29 ноември, 2026

На аукција џебните часовници на Енди Ворхол и Џон Ленон – Сигурни сме дека ќе ја надминат сумата од 40.000 долари

14-каратните златни џебни часовници, кои некогаш им припаѓале на Џон Ленон и Енди Ворхол, ќе бидат ставени на аукција, пишува „Page Six“.

Аукциската куќа на „Phillips“ проценува дека овие предмети ќе достигнат цена меѓу 20.000 до 40.000 долари, а многумина се сигурни дека лесно ќе ја надминат сумата од 40.000 долари.

Аукцијата ќе биде одржана на 12-ти декември, и доаѓа на четириесет-годишнинината од смртта на Ленон. И Ворхол почина во осумдесетите години по срцевиот застој.

Ворхол и Ленон биле блиски пријатели во Њујорк во седумдесетите, па еднаш се фотографирани заедно во „Record Plant“. И двата часовници биле понудени на аукција во 80-те.

Моменталниот сопственик ја видел таа фотографија и толку бил воодушевен што си дал на себе си задача повторно да ги спои, изјави Пол Буторс, шефот на часовниците од брендот „Phillips“.

Фотографијата на Ленон и Ворхол од 1972-та година, од авторот Боб Груен, покрај часовниците, исто така ќе биде понудена на аукција.

Познато е дека Ленон не поседувал многу часовници, па така овој џебен часовник е вистински раритет, додека Ворхол ги обожувал часовниците и поседувал повеќе брендови.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....