17.8 C
Скопје
15:30 - 18 октомври, 2026

(ФОТО) ТАТКОТО на КАРЛЕУША отвори ПРОФИЛ на ИНСТАГРАМ: Драган покрај Јелена е татко на два сина, поранешен полицаец, но и тапанар!

Драган Карлеуша, таткото на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде неговата ќерка има повеќе од 2,4 милиони следбеници.

(ФОТО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША и АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА во ист стајлинг: На која подобро и прилега?

Таткото на Јелена е поранешен полицаец и никогаш не бил премногу експониран во јавноста. Сепак, тој сега откри неколку интересни работи за себе.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Пензиониран полицаец, поранешен тапанар, спортист, морски речен волк, Адаџија, тато и дедо“ – пишува во описот на инстаграм – профилот на таткото на Јелена.

Тој ја следи својата ќерка Јелена и уште два профили, а поп – ѕвездата беше меѓу првите кои го заследија профилот на Драган Карлеуша.

„Не знам дали знаете, но татко ми свиреше на тапани со групата „Про – арте“ на песната „Лола“ и тоа беше многу пред неговата полициска кариера, изјавила во една прилика Јелена“, која очигледно музикалноста ја наследи од нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


Да потсетиме, мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, која своевремено важеше за најубава жена во Белград, на 19 години се омажи за Драган Карлеуша, кој тогаш беше тапанар. Дивна секогаш имала пофални зборови за поранешниот сопруг.

Дивна и Драган ставиле крај на својот брак кога Јелена беше уште многу мала, но живееле заедно уште неколку години. По разводот Драган од вториот брак добил два сина. Јелена е блиска со своите полубраќа, Иван и Никола, кои првпат се појавија во јавноста кога пејачката прославуваше 10 години брак со Душко Тошиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


Мајката на Јелена, Дивна, почина на 03.03.2019 година, а во тешките моменти Драган и беше голема поддршка на својата ќерка. На тригодишното одбележување на смртта на Дивна присуствуваше и таткото на Јелена.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....