6.8 C
Скопје
05:08 - 30 април, 2024

Свадба од над 3 милиони фунти: СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ВЕНЧАВКАТА на Бруклин Бекам и Никол Пелц

Неколку дена го делат Бруклин Бекам (23) од исполнување на сонот да се ожени со неговата Никол Пелц (27), модел и актерка во која е многу вљубен. Двајцата, многу млади, имаат јасни цели: само девет месеци од почетокот на нивната врска решија да се венчаат и – откако го одложија настанот поради пандемијата и ограничувањата – сега има официјален датум.

Свадбата на годината, речиси американска кралска венчавка, ќе се слави по еврејски обред на 9 април во Палм Бич.

Вредноста на церемонијата благодарение на дарежливоста на родителите на парот е околу 3 милиони фунти!

А локацијата, како и секој детал од оваа венчавка, не е апсолутно случајна: во Палм Бич, покрај  плажа и со поглед на Атлантикот, се наоѓа вилата на родителите на невестата. Вила која се проценува на вредност од околу 93 милиони евра.

Приватен авион штотуку го однесе семејството на младоженецот во Соединетите Држави, за да се сместат и подготват пред големиот ден.

Помладите браќа на Бруклин, Ромео и Круз, ќе бидат негови сведоци, додека Харпер ќе биде почесна гостинка. Бабата (по мајка) на Никол, со која Никол е многу приврзана, ќе биде деверица.

Иако нејзината идна свекрва е ценета дизајнерка, Никол Пелц претпочиташе да се потпре на Лесли Фремар, стилистка која работеше со Деми Мур и Шарлиз Терон, за да ѝ помогне во изборот на фустанот.

Двојката често беше видена во Рим, во седиштето на Валентино: неодамна манекенката потврди дека нејзиниот фустан е дизајниран од Пјерпаоло Пичоли, креативен директор на модната куќа.

А сега се знае и кој костум ќе го облече Дејвид Бекам: поранешниот фудбалер го објави модниот избор на Инстаграм на фотографија на која е заедно со неговиот татко Тед и свекорот Тони Адамс, татко на неговата сопруга, кој го придружуваше да го избере костумот за свадба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Меѓу гостите, покрај многуте пријатели на сопружниците, има и многу познати фаци. Тука ќе бидат и членките на Spice Girls (поранешни колеги на мајката на младоженецот, Викторија) – кои можеби и ќе настапуваат, како и супермоделите Џиџи и Бела Хадид, потоа  готвачот Гордон Ремзи – голем пријател на Дејвид, кој со него ја споделува љубовта кон готвењето.

Од друга страна, пејачот Елтон Џон нема да биде таму, бидејќи е на турнејата Yellow Brick Road: истиот ден кога ќе се случува венчавката, Елтон ќе настапи во арената Руп во Лексингтон, Кентаки. За кум, Бруклин ќе го има само Дејв Гарднер, најдобар пријател на неговиот татко Дејвид (и неговиот поранешен агент кога тој беше фудбалер). Снуп Дог ќе ги натера гостите да танцуваат.

Потоа, гости ќе бидат актерката Ева Лонгорија и Роко, синот на Мадона и режисерот Гај Ричи, и поранешниот фудбалер Фил Невил.

Но, не само тие: ќе пристигнат и принцот Хари и Меган Маркл. А нивното присуство е највпечатливо: двајцата не присуствуваа на комеморацијата на принцот Филип минатиот 29 март, и покрај тоа што внукот беше многу приврзан за својот дедо. И ова само ги отежна односите меѓу војводите од Сасекс и кралското семејство.

Ситуацијата дополнително се влоши кога се дозна дека Хари ќе лета за Холандија на Игрите Инвиктус, на 16 април.

Никол и Бруклин се лудо вљубени, но не и наивен. Според Дејли Мејл, парот – имајќи ги предвид имотите на вклучените семејства, за него 380 милиони фунти, а за неа 1,3 милијарди – потпишале строг предбрачен договор. Затоа што бракот поминува, а имотот останува.

Која е идната сопруга на БРУКЛИН БЕКАМ: Никол од лулка живее милионерски живот, во раскошни вили и приватни авиони, а богатството на Бекам е џуџе за она на татко ѝ!

 

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....