00:12 - 29 ноември, 2026

СИГУРЕН ВО СВОЈАТА ОДЛУКА: Џорџ Клуни нема да му биде кум на кралското бебе

Џорџ Клуни, кој гостуваше во емисијата на Џими Кимел, откри дека не сака да му биде кум на новороденото кралско бебе Арчи Харисон Маунбатен – Виндзор.

Со оглед на тоа што Клуни и неговата сопруга Амал се блиски пријатели со Хари и со Меган, а малиот Арчи е роден во ист ден со Клуни, се појавија шпекулации дека глумецот би можел да му биде кум на кралското бебе.

Затоа водителот го прашал што мисли за тоа.
„Тоа би била лоша идеја. Јас сум татко на близнаци, а и со тоа едвај успевам да излезам на крај. Не би требало да бидам ничиј кум.“, рече Клуни.

Кимел инсистираше глумецот да му каже каков одговор ќе даде ако Хари Меган го поканат за кумство.
„Јас нема да бидам кум, ти ветувам. Сосема сум сигурен во тоа“, одоговори Клуни на тоа.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....