12.8 C
Скопје
10:19 - 26 април, 2024

Секогаш се шокирам кога ќе ја изберат Вики: Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ се скараа за нашиот Мите Стоилков (ВИДЕО)

По завршувањето на гласањето, Мите за свој ментор ја избра пејачката Вики, а неговиот избор ја изненади Карлеуша.

Победникот од втората сезона на „Ѕвездите на Пинк“, Мите Стоилков се натпреварува во новата сезона на едно од најгледаните музички шоуа на Балканот, „Ѕведите на Гранд“.

Мите пред неколку дена го имаше својот прв настап и тоа со песни на Оливер Драгоевиќ и Жељко Васиќ.

Се разбира, нашиот Мите одржа час по пеење на сцената на Гранд и без никаков проблем доби „пас“ за следниот круг.

За него гласаше Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид и Дарко Лазиќ.

По завршувањето на гласањето, Мите за свој ментор ја избра пејачката Вики, а неговиот избор ја изненади Карлеуша.

– Јас секој пат се шокирам кога некој ќе ја избере Вики, не знам зошто – искоментира Јелена.

Се разбира, Вики не остана должна, па веднаш и возврати на коментарот.

– Ти само шокирај се, тоа е добро кога ти се шокираш – и возврати таа.

Погледнете ги двата настапи на Мите:

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....