17:10 - 27 ноември, 2026

Познатиот музичар се ожени со другарката од детството

Ширан во интервју за „iHeartRadio“ говореше за текстот во неговата нова песна која ја снимал со Еминем и 50 Цент – „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.

– Всушност јас ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе стапиме во брак уште пред песната да биде објавена – вели популарниот пеач, а пренсува CNN.

– Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: Ох, па тие се венчале! Не знаев како ќе го протолкуваат тоа, но очигледно веќе се знае – додаде тој.

Ед Ширан и Чери Сиборн се знаат уште од деца, но започнале да се забавуваат дури во 2015. година, кога заедно биле на забава која ја организирала Тејлор Свифт по повод 4. јули, денот на американската независност.

Двојката се вери во јануари минатата година, но никогаш не откри кога ќе стапат во брак.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....