00:20 - 9 ноември, 2026

Постхумни албум и сингл на Авичи

Синглот „SOS“ и албумот „Tim“ на шведскиот ди-џеј Авичи ќе бидат објавени наскоро. Тој трагично го загуби својот живот лани во април, во Оман.

Наредната недела излегува синглот, додека албумот е најавен за 6 јуни оваа година. Во времето на неговата смрт на 20 април минатата година, тој работел на својот нов албум.

Зад себе оставил многу завршени песни, но и демо снимки и нотни записи. Целиот приход од продажбата на синглот и албумот ќе биде наменет за фондацијата Тим Берглинг, која е основана во негова чест и се бори за повисока свесност за менталните нарушувања и суицидноста.

Текстописците со кои тој соработувал продолжиле да работат на овој албум и по смртта на Авичи, со цел неговата визија да биде целосно реализирана.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....