16:47 - 29 ноември, 2026

Погледнете го братот на Здравко Чолиќ: Сличноста е неверојатна (ФОТО)

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ има брат, но тоа малкумина го знаат бидејќи никогаш не се појавува во јавноста и малку се знае за неговиот приватен живот.

Здравко потекнува од скромно семејство – мајката Стана била домаќинка, а таткото Владимир бил полициски офицер во Министерството за внатрешни работи. Чола има и брат Драган кој е четири години помлад.

Братот на Чола избрал сосема поинаква работа. Додека Чола настапува, се слика и дава интервјуа, неговиот брат Драган има ќебапчилница во Белград. Чола е силно поврзан со својот брат, а љубовта во текот на детството ја всадиле нивните родители.

– Тие направија се со цел брат ми Драган и мене да не изведат на правиот пат и се најдобро што имаа, ни го дадоа на нас двајца, изјави претходно Здравко Чолиќ.

По смртта на мајката, Здравко и неговиот брат Драган уште повеќе се поврзале.

Драган пред неколку години наводно го откупил оригиналниот рецепт за сараевски ќебап, а рецептот му го продал познатиот мајстор за ќебапчиња Хоџиќ.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....