04:03 - 28 ноември, 2026

Почина sвездата на „Easy Rider“ Питер Фонда

Американскиот актер Питер Фонда, познат по моторџискиот филм од 1969 година „Голи во седло“ (Easy Rider), почина по борбата со карцином на белите дробови, соопшти неговото семејство

79- годишниот актер е брат на познатата глумица Џејн Фонда и син на легендарниот актер Хенри Фонда.

– Многу сум тажна. Тој беше мојот брат со меко срце. Говорникот на семејството. Деновиве поминав прекрасно време со него насамо. Замина смеејќи се“, рече неговата сестра Џејн Фонда во изјавата.

Славата на „Голи во седло“ се покажа и како благослов и како проклетство за Фонда, кој следните три децении се мачеше да го повтори својот успех како актер и како режисер, сè додека во 1997 не го сними „Златото на Ули“, во кој глумеше храбар пчелар од Флорида. Доби номинација за Оскар за најдобар актер, но загуби од Џек Николсон („Најдобро што може“).

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....