16.8 C
Скопје
14:02 - 18 октомври, 2026

ПИЈАН ЧОВЕК МУ ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ НА ХАРИС ЏИНОВИЌ: Инцидент кој го обележал животот на пејачот

Харис Џиновиќ е една од фолк иконите во поранешна Југославија, а неговиот живот го одбележа инцидент кој се случи во далечната 1997 година.

Роден во Сараево, настапувал во ноќен клуб, кога доживеал страшна ситуација. Пијан млад човек вперил пиштол во Харис Џиновиќ, а иако тогаш се пишувало дека е обид пејачот да биде протеран од Сараево, подоцна објаснил што се случило.

– Страшно ме погоди пишувањето на некои медиуми, дури добив впечаток дека некој намерно сака да му фрли тиња на Сараево, да го претстави како град во кој ниту еден Харис Џиновиќ не може да живее во мир. Мојот престој во Сараево, сепак, беше многу пријатен, колку што беше можно во оваа ситуација. Сретнав многу стари пријатели, многу непознати и срдечни луѓе, поделив повеќе од 300 автограми во една вечер. Тоа доволно кажува дека стариот дух на Сараево сѐ уште е жив – изјави тогаш Џиновиќ за весникот „Сабор“, а сега потсетува „Nportal“.

Кога директно го прашале за наводната закана со пиштол и прогон од неговиот роден град, Харис имал порака.

– Единствено што е точно е дека еден млад човек, очигледно пијан, извади пиштол на мене. Тоа се случи во познатиот сараевски клуб „Фис“, каде се собираат познати спортисти и музичари – Даворин Поповиќ, Вахидин Мушемиќ, Мирза Делибашиќ. По концертот во Скендерија, нашето друштво отиде во тоа кафуле, а околу четири часот наутро се случи тој инцидент. Се разбира, момците брзо го вразумија момчето, тој го тргна оружјето, па дури и му отпеав една од моите песни. Велат дека следниот ден дошол во клубот да им се извини на сопствениците, ме побарал и мене да се извини. Но, што се однесува до протерувањето, нема збор. После тоа, останав уште два дена во Сараево, а потоа со автомобил отидов во Загреб, а потоа со авион во Париз. Повторувам, во Сараево бев срдечно пречекан – изјави тогаш Џиновиќ.

БАЈАГА ОТВОРЕНО ЗА ПРОБЛЕМИ НА НАСТАП ВО МАКЕДОНИЈА: Веќе не ги свириме песните „Ѕвезда“ и „Пада влада“

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....