4.8 C
Скопје
06:03 - 26 април, 2024

ПЕКОЛНА РАБОТА ИЛИ РОЗИ ВО ЉУБОВТА: Што ви носи хороскопот оваа недела?

Меркур сè уште е ретрограден, но неговото влијание конечно заслабнува. Како ќе се промени животот на секој од хороскопските знаци во текот на оваа недела?

Прочитајте што ќе ви се случува на план на љубовта, здравјето и работата.

ОВЕН

Следи период во кој успешно ги решавате сите деловни прашања. Послушајте ги искусните колеги. Одличен период е и за подобрување на односите со личноста која ја сакате. Покажете повеќе разбирање за другата страна и не дозволувајте емотивните разлики да ве оддалечат.

БИК

Работите напорно за да оставите подобар впечаток, но нешта врз кои не можете да влијаете ве попречуваат во тоа. Насочете ја енергијата кон една конкретна задача. Емотивната состојба ви е променлива, а партнерот ви изгледа помалку заинтересиран. Проверете зошто е така.

БЛИЗНАЦИ

Вие се заложувате за модерни решенија и иновативни идеи, а тоа ви носи добар период на работната сцена. На поле на емоциите сте доста несигурни, а и расположението ви е променливо. Тоа ѝ испраќа нејасни сигнали на другата страна.

РАК

Постојат цели кои се многу важни и нив не треба да ги заобиколувате. Обидете се да смислите правилна професионална стратегија. Постапувајте промислено. Ве очекува и пресврт на поле на љубовта. Партнерот ужива да ве изненадува на прекрасни начини. Дозволете емоциите да ве водат.

ЛАВ

Во поле на работата вие сте секогаш добро подготвени, избалансирани со тимот и наоружани со сите потребни информации. Тоа ви дава огромна предност пред вашите колеги. Минувате низ период во кој ви недостига емотивна инспирација, но не обвинувајте никој друг за тоа, туку бидете самокритични.

ДЕВИЦА

Сакате околината да ги прифаќа вашите идеи и решенија. Сепак ви недостига малку енергија за сето тоа да биде направено совршено. Потрудете се и да ги избалансирате приватните односи. Партнерот веќе извесен период не чувствува потреба да се труди околу вас. Не се расправајте со никого.

ВАГА

Очекувате да добиете одредени пофалби за вашата работа. Сакате да остварите перспективен односс со своите претпоставени. Ќе ви остане време и за приватност, за да можете полесно да поминете низ сите емотивни перипетии, кои се директна последица на некои ваши одлуки. Наскоро ќе биде подобро.

СКОРПИЈА

Работното место ви создава психолошки притисок, а тоа е само затоа што одбивате да се прилагодите на новонастанатата ситуација. Вашата емотивна среќа доаѓа однатре, бидејќи сте преполни со убави мисли и топли емоции, кои ги делите со една посебно драга личност во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ

Пред околината сте енергични, но дома веќе немате сила за ништо. Сакате да ги држите нештата под контрола, но за тоа е потребно многу трпение. Сепак, ви претстои одличен период за да покажете како знаете да заведувате, а со тоа и да го шармирате партнерот.

ЈАРЕЦ

Се соочувате со незаинтересирани колеги, но добро е да им простите за тоа, бидејќи сепак е период на годишни одмори. Сакате за краток рок да решите големи проблеми. Расположението ви е променливо, а тоа го забележуваат и луѓето со кои се дружите. Не му приговарајте на партнерот за ситници.

ВОДОЛИЈА

Составете добар план и бидете доследни на него, за да им покажете на соработниците дека сте способен работник. Имате измешани мисли и чувства, па сакате да се држите понастрана од сето тоа. Партнерот ќе ве поддржува во секоја ваша одлука.

РИБИ

Интуицијата ви вели дека успехот ви е на дофат на рака. Ќе имате финансиско подобрување, а поминувате многу полесно од вашите колеги. Пред вас е период на емотивни пресврти. Повторно, послушајте ја својата интуиција и за љубовта.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....