15:54 - 29 ноември, 2026

НАЈГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ: Овие 3 хороскопски знаци постојано се грижат и плашат за нешто

Секој од нас различно реагира на стрес и има различен праг на толеранција. И додека постојат едни кои се силни и стабилни и не дозволуваат ништо да ги поколеба, ги има и оние кои прават поголем проблем отколку што реално е.

Еве за кого се работи:

ЈАРЕЦ

Тие сакаат да планираат и да бидат организирани, но на сметка на тоа ги пропуштаат опуштените, спонтаните и смирените моменти. Премногу размислуваат кога некој план нема да тргне онака како што го замислиле, постојано се грижат и не знаат како да се релаксираат и одморат.

ДЕВИЦА

Девиците постојано за нешто се грижат и решаваат некој проблем, било да е тоа во врската, во семејството, на работа, па дури и меѓу пријателите и соседите. Во секоја ситуација го гледаат најлошиот исход и постојано размислуваат дека ништо добро нема да се случи.

РИБИ

За нив постојано велиме дека се интуитивни и емотивни, но и дека лесно можат од убави, да преминат нагло на мрачни и темни фантазии. Тие постојано се плашат, а најмногу за блиските во семејството и постојано сакаат да знаат каде се движи секој од нив.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....