25.8 C
Скопје
20:59 - 10 септември, 2026

Лозано објави нов летен хит на еден ден пред неговиот голем концерт во Охрид (ВИДЕО)

На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, најголемата музичка ѕвезда во Македонија, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.

“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.

– Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе и се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот “Билјанини извори” – вели Лозано во неговата куса изјава.

Инаку организаторите на концертот, “Прагма Продукција” најавуваат вистински музички спектакл, а Лозано ќе биде запишан како првиот домашен изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион и тоа на најголемиот македонски празник – Илинден!

Вратите на стадионот се отвараат во 19 часот, а пред Лозано на големата бина со свои настапи ќе се претстават неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.

Влезници се уште може да купите преку продажната мрежа на “kupikartizase.com“, на плоштадот во Охрид, како и на вратите на стадионот “Билјанини извори”.

Слични објави

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Бајага ја откри тајната на својот познат стих и ја „разочара“ јавноста

E.A.

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо
Се вчитува....