5.8 C
Скопје
01:19 - 1 април, 2026

Леонардо Ди Каприо со својата девојка во Кан: Поради неа станал и професионален фотограф? (ФОТО)

Прославениот актер и добитник на Оскар, Леонардо Ди Каприо (44) допатува како придружба на својата девојка Камила Мороне и на никого не му дозволи да ја фотографира, бидејќи тој, како страствен фотограф, веќе го направи тоа сам.

Тотално професионално, со огромна желба својата драга да ја слика во најдобро издание, но неговиот уличен моден перформанс брзо стана вирален хит.

View this post on Instagram

Press day jazz @mickeyandthebear ?

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone) on

Оскаровецот се потруди да се држи подалеку од случувањата кои сега, за време на филмскиот фестивал, се случуваат ширум градот, но неговиот јавен перформанс брзо ги привлече погледите кои го разоткрија.

Виновникот е можеви повеќе неговата прекрасна девојка, 21-годишната аргентинска манекенка и актерка Камила Мороне која во Кан го промовира својот нов филм „Mickey And The Bear“, а која нејзиниот дечко се обиде да ја слика во најдобро светло и најзгодната поза додека му позираше во белиот прекрасен точкест фустан.

Колку е заљубен, докажуваат токму фотографиите кои ги сликаа љубопитните поминувачи, откако сфатија кој се крие зад објективот.

Парот е во врска една година, па разликата во годините воопшто не им е пречка, а генерално ретко можат да се видат заедно во јавност, па не можеме често да ги видиме нивните „заљубени моменти“.

Засега актерот добро се крие, а истото се обиде да го направи и во Кан, но качкетот и очилата за сонце, покрај волку атрактивна девојка и јавниот перформанс, не му помогнаа.

Имено, во јули започнува прикажувањето на долгоочекуваниот филм на Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“ во кој главната улога ја има токму 44-годишниот Леонардо Ди Каприо и 11- години постариот колега, актерот Бред Пит.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....