04:05 - 9 ноември, 2026

Ја растури Серена како од шега: Има 19 години, 6 милиони долари на сметка, на Инстаграм и „пука“ профилот од секси фотки (ФОТО)

Вчера во финалето на УС-Опен се случи вистинска сензација – потполно неочекувано, титулата ја освои Бјанка Андреску, скратувајќи ја можноста на Серена Вилијамс да влезе во историјата на тенисот и да стане жена со намногу освоени Грен слемови.

Оваа Канаѓанка ја победи многу поискусната колешка со два сета и тоа за час и половина.

 

View this post on Instagram

 

wyd¿

A post shared by Bianca (@biancaandreescu_) on

Интересно е што минатата година на истото место Андреску е поразена уште во првото коло на овој турнир од српската тенисерка Олга Даниловиќ.

  • Ова е толку лудо. Пред само година дена играв квалификации и со повреден грб. Без текст сум. Дали е ова реалност? Треба некој да ме штипне. Дали е ова реалност – се запрашала возбудената Бјанка.

 

View this post on Instagram

 

Change of scenery

A post shared by Bianca (@biancaandreescu_) on

Инаку таа годината ја стартуваше рангирана во над 100 најдобри во светот, а вниманието на себе го сврти со триумфот во Индијан Велс. Моментално таа е на 15 место на АТП листата, а нејзината позиција ќе биде повисока, па се очекува да се качи за 10 места.

Бјанка е родена во Канада, но нејзиното семејство се вратило во родната Романија кога таа наполнила седум година, па таму започнала да игра тенис. Сепак, кога работите станале сериозни, тие се вратиле назад во Канада. Интересно е тоа што мајката на Бјанка е интернет сензација во Канада поради специфичниот стил на облекување.

 

View this post on Instagram

 

Swinging into round 2

A post shared by Bianca (@biancaandreescu_) on

Симпатичната тенисерка е исто така и многу богата. На само 19 години се проценува дека има заработено шест милиони долари.

Во една прилика таа признала дека е многу суеверна и дека има низа ритуали кои ги практикува пред секој меч. Таа на себе секогаш го носи среќниот шорц кој го носела и на турнир за јуниори во Франција каде таа победила кога имала 14 години.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....