8.8 C
Скопје
03:17 - 29 септември, 2026

(ФОТО) РАЗВОД ПО 42 ГОДИНИ БРАК: Актерите Лазар и Даница Ристовски решија да се разделат

Популарната актерска двојка Лазар и Даница Ристовски по 42 години брак решија да го продолжат својот живот одвоено.

Даница и Лазар потврдија дека се разведуваат по 42 години брак. По тој повод се огласи и самиот Лазар Ристовски.

„Не се разделивме поради некоја друга жена или некој друг маж“, изјавил Лазар за магазинот „Глорија“.

Извесен период сѐ чувале во тајност, потоа им соопштиле на најблиските пријатели, а наскоро информацијата ќе ја објават во медиумите. Според извор близок до семејството Ристовски, нивното разидување се случило на крајот на минатата година. Двојката се разделила достоинствено и останале во добри односи.

Оваа вест шокираше многумина, бидејќи важеа за еден од најскладните славни парови и дека нивната љубовна приказна започнала уште во текот на студентските денови.

– Се запознавме на Академијата. Тоа беше љубов од училиште. Вистина е дека има голема листата на актерски брачни парови, но мислам дека тој процент е мошне помал од, да речеме, во светот на лекарите. Иако, на некој начин, и актерите се лекари. За душа“, рекол во една прилика Лазар Ристовски за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)


Даница и Лазар се венчале во 1980 година, а нивниот брак досега никогаш не паднал во искушение.

Како што пишувало, меѓу другото, и поради тоа што уште на почетокот се договориле тој да снима љубовни сцени, а таа не.

Во бракот добија два сина, Петар, кој е филмска продуцент и режисер, и Јован, која дипломирал економија. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помладиот Јован и неговата сопруга Љиљана минатиот септември добија наследник Богдан.

Лазар во интервјуата на шега знаел да каже дека често сака да се одмора во машко друштво, со синовите Јован и Петар, со кои ја дели страста за омиленото хоби, едрењето.

Даница не криела дека кога го запознала Лазар на ФДУ во првата година од студиите, се вљубила во неговиот шарм и убавина.

„Не постои универзален рецепт за зачувување на бракот бидејќи се работи за луѓе со различни карактери. Важни се почитта и љубовта“, истакнала во една прилика Даница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)

Извор: Слободен Печат

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....