00:12 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) ЕЛЕНА РИСТЕСКА НАГРАДЕНА ВО ТУРЦИЈА: Заедно со Ханка Палдум и Биг Мама прогласени за најдобри претставници на својата земја во светот

Македонската популарна пејачка Елена Ристеска на социјалните мрежи сподели фотографии од фестивал во Истанбул, Турција, под името „Best of Rumeli“.

Елена ја доби наградата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“ и беше во друштво со многу познати уметници од регионот, меѓу кои и Ханка Палдум од која како што кажа Елена „била воодушевена“.

Меѓу фотографиите, пејачката објави и една на која се гледа дека е во друштво на познатата Ханка Палдум (прогласена за „Најдобар босански уметник“) и Биг Мама („Најдобар албански уметник).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BigMama (@bigitos)

За стајлингот на Елена се погрижи Мерсиха Казим, која за оваа пригода изработи златен фустан кој совршено ѝ прилегаше на Елена, а шминката беше на Даниел Николовски.

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Пред два дена ја добив наградата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“ на фестивалот „Најдоброто од Румели“ во Истанбул, Турција. Ви благодарaм Турција за оваа драгоцена награда, ми значи многу“ – напиша Елена под објавата на својот инстаграм – профил

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....