14:37 - 31 јули, 2026

Ова е новото одело на Бетмен! (ФОТО)

Објавена е кратка видео-најава, која го открива новото одело на Бетмен.

Режисерот Мет Ривс неодамна на својот твитер-профил ја објави првата фотографија од сетот, а сега медиумите и друштвените мрежи покажаа како ќе биде облечен главниот актер Роберт Патинсон за легендарната улога.

Инфрацрвената снимка повеќепати е обработена и прикажува многу добро смислено, модерно одело за познатиот суперхерој.

Филмската екипа во интервјуата откри многу малку околу филмот. Во медиумите и на друштвените мрежи се појавија и аматерски фотографии од снимањето, но ништо од тоа не доби коментар од режисерот.

Во летото 2021 година ќе ја видиме „темната и детективска страна на младиот човек-лилјак“, а сценариото нема во целост да ја следи работата од популарниот серијал на стрипови.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....