09:59 - 31 јули, 2026

ОСКАРИ 2020: Најпознатите глумци кои никогаш не добиле Оскар

Честопати се случува, ако не и на секое издание, по Оскарите да се води дискусија за резултатот: секогаш има некои кои не се согласуваат со победата на некој глумец/глумица во категоријата Најдобар актер/ка. 

Сепак, многумина се изненадени кога откриваат дека неколку филмски sвезди никогаш не добиле Оскар, и покрај – во некои случаи – повеќе номинации. Всушност, има неколку холивудски славни личности со голема харизма, кои сè уште чекаат да го слушнат нивното име изговорено на сцената на театарот „Долби“ во Лос Анџелес: за нив, добивањето такво признание би било, повеќе од сè, дополнително задоволство во нивната кариера .

Меѓу нив е и американскара глумица и пејачка Ејми Адамс (45), извонредна актерка која добила 6 номинации за Оскар, но ниту еден Оскар.

Џони Деп, вкупно има 3 номинации за Оскар за најдобар глумец, ама ништо од Оскарот. 

Ви се верува ли дека фантастичната глумица Глен Клоуз не добила Оскар, а има 7 номинации.

Џим Кери освои две награди на Златен глобус, но нема ниедна номинација за Оксар. 

Ричард Гир – со ниедна номинација и ниеден Оскар! Дури ни за филмот „Чикаго“, за кој освои Златен Глобус. 

Мишел Фајфер со 3 номинации, но ниеден Оскар. 

На листата на славни глумци кои никогаш не добиле Оскар се наоѓаат и Том Круз (со 3 номинации), Шерон Стоун (1 номинација), Џуд Лоу (2 номинации), Бредли Купер (4 номинации), Џон Траволта (2 номинации), Рајан Гослинг (2 номинации), Вил Смит (2 номинации)…

И Мерлин Монро никогаш не добила Оскар, а освоила Златен Глобус. Ни Миа Фароу не добила Оскар, ама не била ниеднаш ни номинирана.

Изгледа неверојатно, но и Харисон Форд никогаш не ја добил златната статуетка, а бил номиниран само еднаш!

View this post on Instagram

?

A post shared by Harrison Ford? (@harrisonford_official_page) on

Понатаму, слатката Мег Рајан никогаш не била ни номинирана за Оксар, Кевин Костнер добил Оскар за режисер и продуцент, ама ниеден Оскар за најдобар актер!

Хју Грант, исто така, никогаш не бил номиниран за Оскар. А Ума Турман, само еднаш номинирана за култниот филм „Ефтини приказни“, ама не го земала Оскарот.

Без Оскари останале и Хју Џекман (1 номинација), Мајкл Китон (1 номинација), Џон Малкович (1 номинација), Мишел Вилијамс, Силвестер Сталоне, Рита Хејворд, Бил Мареј и Ралф Фајнс. Неверојатно, нели?

 

 

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....