16:26 - 8 ноември, 2026

Дупер се збогува со Мартина и Авалон

Веста за раскинувањето на договорот меѓу Авалон и македонската група Дупер, во која главни „актери“ беа Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечовски, и која Авалон ја објави претходно, сега е потврдена и од страната на бендот.

Тие на својата Фејсбук страна, покрај црната насловна фотографија, објавија и натпис во кој се поздравуваат со едниот свој член, Мартина Баракоска, поради ненадминливите разлики, како што велат, и го потврдуваат раскинувањето на договорот со Авалон.

Бендот во последната година беше вистинска светла точка на нашата сцена, тие се прославија со песната „Не сум твој тип“ која веднаш по емитувањето стана хит, а заедно ги изработија и нумерите „Тело за на ТВ“ и „Ние сме 2“.

Последната песна од нивната заедничка соработка е објавена токму денес на YouTube каналот под наслов „Пробај да ми бидеш“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....