16.8 C
Скопје
14:26 - 26 септември, 2026

ДАНИЕЛ КРЕГ ОБЗЕМЕН ОД ЕМОЦИИ: Бонд не плаче, јас плачев

даниел крејг

Кината ширум светот се подготвуваат за бранот на обожаватели на Џејмс Бонд кои со нетрпение чекаат да го гледаат филмот „No Time To Die“, а Даниел Крег признава дека бил обземен од емоции на последниот ден од снимањето.

„Врнеше дожд. Во студиото „Пајнвуд“, целата екипа аплаудираше. Беше многу импресивно – како антиклимакс. Тоа беа скоро 16 години од мојот живот“, изјави Крег за германскиот весник „Билд“ пред лондонската премиера на неговиот петти и последен Џејмс Бонд филм.

„Џејмс Бонд не плаче, јас плачев“, рече 53-годишниот актер на кого ова му е петти и последен филм во улога на тајниот агент 007.

Новиот филм за Бонд чија премиера неколку пати беше одложувана поради пандемијата, вчера ја прослави својата светска премиера во Лондон, а ќе започне да се прикажува во кината ширум светот во текот на неделата. Крејг вели дека бил „навистина среќен“, но и тажен откако го гледал филмот со пријателите.

даниел крејг
Даниел Крег на премиерата на филмот „No Time To Die“ / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

„Ова е мојот најдобар филм“, истакна актерот.

25-тиот филм за Џејмс Бонд првично требаше да се прикаже во октомври 2019 година. Меѓутоа, поради промената на режисерот и затворањето на кината за време на пандемијата, датумот на дистрибуција беше одложен неколку пати.

Даниел Крег на премиерата на филмот „No Time To Die“ / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

И покрај напорите и петициите на обожавателите на најпознатиот таен агент во светот за порано да се случи премиерата на филмот, филмот ја доживеа својата светска премиера дури вчера, а како што вели актерот, филмот за Бонд е „епски“ настан кој бара соодветна прослава во кино.

По завршувањето со Бонд, Крег вели дека ќе го започне третиот чин од својот живот, но во никој случај нема да ја заврши филмската кариера.

даниел крејг
Даниел Крег на премиерата на филмот „No Time To Die“ / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

За тоа кој ќе го наследи како Бонд, рече дека не знае. Иако како што вели, тоа веќе не е негова работа додавајќи дека следниот актер ќе треба повторно да го „измисли“ Бонд.

На светската премиера во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон присуствуваа главниот актер, други филмски ѕвезди, бројни познати личности и членови на британското кралско семејство.

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев објави емотивна фотографија со својот татко: Му го честиташе за 87. роденден и му упати трогателни зборови

Еспресо

(Видео) Цеца се огласи од теретана – пејачката беше мокра до гола кожа после тренингот

Еспресо

„Шест месеци не плаќав кирија, знаеше дека не работам“: Пејачката три години живееше во станот на Ацо Пејовиќ и откри сè за тешкиот период

E.A.

(Фото) Ивона Јо направи тетоважа во спомен на починатиот татко: „Вечно впишан на мене и во мене“

Еспресо

Ретко ги гледаме заедно – Данијела Мартиновиќ објави фотографија со помладата сестра

Еспресо

„Живееме скромно, но тука убаво ме лечат“: Вака зборуваше Димче Мешковски за животот во Америка

Еспресо
Се вчитува....