17:00 - 7 ноември, 2026

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Водителката Цеце Николова, која со својата животна приказна инспирира многумина, повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Таа објави фотографии на кои позира во елегантна црна креација со чипка, со долга, бујна коса, носејќи перика, а сподели и романтичен момент со своето момче, естрадниот менаџер Јане Јанев.
На една од фотографиите, објавена на нејзината инстаграм-приказна, Цеца нежно го бакнува Јане. Романтичната фотографија е уште една потврда дека водителката ужива во љубовта и во убавите моменти со својот партнер.
Особено внимание привлече коментарот на пејачката Викторија Лоба, која под фотографиите на напиша: „Вистински феникс си ти“, откако Цеце ја сподели таа песна.
Токму „Феникс“ е насловот на новата песна со која Лоба настапи на годинашното, 41. издание на „Макфест“ во Штип. Баладата носи симболика на повторно раѓање, сила и издигнување по тешките животни моменти. А токму во таа симболика може да се препознае и животната приказна на Цеце.
Николова не го имала лесниот пат до среќата. Таа пораснала без грижа од биолошките родители, а дел од детството го поминала во СОС Детското село, каде што ја пронашла љубовта и сигурноста што ѝ биле потребни. За жената која се грижела за неа, мајка Наташа, и денес зборува со огромна благодарност и љубов.
Уште од детството Цеце живее со алопеција, состојба која предизвикува губење на косата. Долги години носела перики, обидувајќи се да ја сокрие својата состојба од јавноста. Но, во 2021 година реши да направи голем чекор и првпат јавно да се покаже без перика.
Со својата искреност таа охрабри многу девојки и жени да се прифатат себеси и да не се срамат од својот изглед. Денес таа подеднакво самоуверено се појавува и со перика и без неа, покажувајќи дека убавината не ја определува косата.
Во една од своите емотивни објави, во која симболично разговараше со својата помлада верзија, Николова призна дека некогаш ѝ било тешко да се прифати себеси, но дека денес е на сосема поинакво место во животот.
„Едно сабајле станав и решив дека не можам повеќе да се кријам. Се изморив“, раскажа таа, додавајќи дека никогаш не била посреќна.
Покрај успешната кариера како новинарка и водителка, Цеце е посветена и на хуманитарната работа. Таа е основач на здружението „За тебе“, кое им помага на младите што пораснале без родителска грижа полесно да зачекорат во самостојниот живот.
Среќата ја пронајде и на љубовен план. Нејзиниот партнер Јане Јанев е познат во македонските естрадни кругови како менаџер, организатор на настани и букинг-агент. Нивната љубовна приказна започна преку професионалната соработка, бидејќи Цеце е ангажирана како ПР-менаџер во неговата компанија. По една година врска, таа јавно го претстави човекот кој ѝ го освоил срцето.
И можеби токму затоа коментарот на Викторија Лоба толку силно ја опишува Цеце Николова. Како феникс, таа успеа да се издигне над тешкото детство, несигурностите и предрасудите, да изгради кариера и самодоверба, а денес да ужива и во љубовта.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....