16.8 C
Скопје
13:03 - 18 октомври, 2026

МОРАЛА ДА ИЗБЕРE АБОРТУС И ХЕМОТЕРАПИЈА ИЛИ АМПУТАЦИЈА НА НОГАТА: Потресна приказна на една храбра мајка

Кетлин Озборн

Кога на Кетлин Озборн лекарите ѝ дијагностицирале рак, таа била во четвртиот месец од својата бременост. Лекарите ѝ дале две опции, да абортира и да оди на хемотерапија или да ѝ ја ампутираат ногата, пренесува „Metro“.

Откако направила магнетна резонанца, лекарите ѝ понудиле две опции, Кетлин одлучила да ја ампутира целата десна нога еден ден подоцна, за да го спречи ширењето на ракот на коските. Операцијата била успешна и 28-годишната Кетлин се породила осум недели порано од предвиденото, со царски рез.

„Среќна сум што одлучив да ја загубам ногата бидејќи добив ќерка. Да не ми ја ампутираа ногата тогаш, ќе ја изгубев и ќе поминев низ процесот на хемотерапија, која на крајот можеби и онака немаше да ми ја спаси ногата“, раскажува храбрата Кетлин, која покрај ќерката има и два сина.

За првпат боледувала од рак кога имала само 11 години. Потоа, 11 години подоцна, ракот се вратил, овој пат на белите дробови. По третманот, Кетлин во март 2017 година била излечена, но три години подоцна се појавила уште една грутка на горниот дел од десната нога. А тогаш дознала и дека е бремена по трет пат.

„Ми дадоа една недела да донесам одлука и ми рекоа дека колку побрзо одлучам, толку подобро“, вели таа, додавајќи дека отсекогаш сакала да има ќерка.

Меѓутоа, Кетлин морала да ја роди Аида-Меј осум недели порано, откако наредниот скен со магнетна резонанца покажал дека ракот на белите дробови се вратил.

„Не знам уште колку ми останува, може да поминат години или само месеци. Само сакам да правам работи со нив што ги прават среќни“, раскажа таа на крајот.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....