2.8 C
Скопје
04:54 - 7 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ КОКОС ТОРТА: Совршен десерт готов за 15 минути

мартина трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи кокос торта – готова за 15 минути. Оваа торта е совршена идеја кога ќе ви дојдат ненајавени гости или ви се јаде нешто благо.

Мартина Трајаноска
Мартина/Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

Кора:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 250 мл сварено какао
  • 50гр маргарин или путер

Фил:

  • 600 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр кокос
  • 100 гр гриз

Глазура:

  • 100-150 гр чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 50 гр маргарин или путер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

За подлогата измешајте ги мелените бисквити со свареното какао и растопениот путер или маргаринот или путерот. Смесата натапкајте ја на калап за торти. За филот ставете го млекото да зоврие со шеќерот, па додадете го гризот. Поварете дури се згусне додадете го кокосот и истурете го филот врз кората. За глазура ставете се во сад на пареа и растопете заедно, па прелијте врз тортата. Оставете убаво да се излади и послужете!

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....