10:01 - 27 ноември, 2026

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Хрватската пејачк, Нина Бадриќ (54), потоплиот дел од годината традиционално го поминува во својот втор дом на Хвар, а штом ќе пристигнат постудените денови, се враќа во Загреб. Иако во повеќе наврати имавме можност да видиме кадри од нејзината викендичка во Јелса, таа не е особено склона да објавува фотографии од својот дом во Загреб.

Сепак, во неколку наврати сподели детали од ентериерот, од кои е јасно дека станува збор за простор уреден со многу внимание и префинето чувство за естетика.

Интересно е што некои детали од својот дом ги објавувала и порано, но притоа не откривала каде се направени фотографиите. Дури кога кадрите ќе се споредат, станува јасно дека станува збор за нејзиното загрепско прибежиште, кое се одликува со ненаметлива елеганција и хармонија.

При уредувањето, Нина избрала неутрална палета на бои, па во нејзиниот стан преовладуваат различни нијанси на сивата боја, кои му даваат префинет и смирен изглед на просторот. Монотонијата ја разбиваат темносините фотелји, кои претставуваат впечатлив детаљ. Освен тоа, тие внесуваат доза карактер во целата просторија. Токму оваа комбинација од суптилни тонови и внимателно избрани парчиња мебел создава впечаток на безвременска елеганција.

Пејачката не ги следи слепо минливите трендови, туку предност ѝ дава на класичното уредување, кое зрачи со топлина, удобност и добар вкус. Токму во таа едноставност се крие најголемиот шарм на нејзиниот ентериер.

Од друга страна, нејзината куќа на Хвар, која во повеќе наврати им ја покажала на своите следбеници, зрачи со сосема поинаква атмосфера. Таму си поиграла со нешто похрабри бои и медитерански шарм, па се издвојуваат впечатливите црвени фотелји, тиркизната кујна и каменот, кои му даваат автентичен далматински карактер на просторот.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....