5.8 C
Скопје
07:39 - 26 април, 2024

Четири земји од поранешна Југославија, една Евровизија: Кој има најголеми шанси за победа? (ВИДЕО)

Најголемото музичко натпреварување во светот, 65-от Евросонг во кој ќе биде избрана најубавата песна на Европа, оваа година се одржува во Ротердам, откако претставникот на Холандија, Данкан Лоренс минатата година оствари победа.

На изборот за песна на Евровизија ќе учествуваат вкупно 41 земја, а натпреварувањето ќе биде одржано на 12, 14 и 16 мај 2020 година.

Оваа година четири републики од поранешна Југославија ќе се најдат на овој натпревар: Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

Босна и Херцеговина и оваа година нема да има свој претставник на Евросонг, а исто така и Црна Гора нема да се појави во Ротердам.

Па така, во Ротердам ќе учествуваат само 4 земји од поранешната Република.

Србија на Евросонг ја испраќа групата „Hurricane”, составена од три секси членки за кои регионот веќе неколку дена активно пишува. Нивната цел, како што велат, е да го вратат Евросонг во Србија.

Хрватска ќе ја претстави Дамир Кеџо со песната „Divlji vjetre”, за изборот на Дамир пресудни беа гласовите од публиката.

Словенија за 26 претставник на Евросонг ја избра Ана Соклиќ со песната „Voda“.

Македонија, како што веќе сте запознаени, ќе ја претстави Васил Гарванлиев кој од младоста ни е познат по својата детска хит песна „Марионка“. Васил инаку е оперски пејач, а интерно беше избран за претставник на Македонија во Ротердам од страна на МРТ.

На крајот, ве прашуваме, што мислите кој има најголеми шанси за победа?

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо
Се вчитува....