23.8 C
Скопје
15:12 - 20 октомври, 2026

Жителите на ова село не ги сакаат туристите: Инстаграм го уништува најубавото село на светот по кое е снимен популарниот цртан филм! (ФОТО)

Градчето се обидело да ги затвори патиштата за да го намали доаѓањето на туристите, но тоа немало ефект.

Халштат, мало село во Салцкамергут, се наоѓа на обалата на Халштатското езеро на северот од Австрија и има околу 800 жители. Ова мало селце се карактеризира како најфотографирано на Инстаграм.

Овој бисер на Алпите е на листата „културно наследство на УНЕСКО“, уште од 1997-ма година.
Селото почнало да собира многу туристи уште од 2006-та година, кога е прикажано во емисија за патување во Јужна Кореја.

Во 2013-та година огромен придонес за зголемување на популарноста на ова село дало и емитувањето на првиот дел на цртаниот филм Фроузен. Тоа било инспирација за цртаниот филм Фроузен, кој им е омилен на децата.

Оттогаш преку 10.000 туристи секојдневно го посетуваат селото, а над милион доаѓаат во текот на целата година.

Мештаните од ова село се узурпирани од туристите кои дури молат да ги примат во домовите за да одат до тоалет.

Градчето се обидело да ги затвори патиштата за да го намали доаѓањето на туристите, но тоа нема ефект.

„Халшат е многу важен дел од културната историја, а не музеј. Сакаме да го намалиме бројот на туристи кои доаѓаат, но за тоа моментално немаме начин“, рекол градоначалникот Александар Шеуц.

Сепак, не се согласуваат сите дека доаѓањето на туристите е лошо за местото, туку велат дека селото станало прав рудник за злато.

Хотелските соби се изнајмуваат по цена од 300 до 400 евра, јавните тоалети чинат 1 евро, а секојдневно ги користат над 4.000 луѓе.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.
Се вчитува....