04:02 - 9 ноември, 2026

Прочитајте добро: Ова се здрави намирници кои треба да ги ИЗБЕГНУВАТЕ ако сте болни!

Иако се здрави и полни со хранливи состојки, сепак овие намирници треба да ги избегнувате кога здравјето ви е нарушено.

  1. Кога сте настинати, имате грип или треска

Избегнувајте:

Јаткасти плодови

Тие содржат хранливи материи како што се цинкот и витамин Е кои можат да ви помогнат да се изборите со одредена инфекција. Но подобро е да не ги јадете во почетната фаза на настинката, особено доколку стомакот ви е чувствителен, ова се плодови богати со масти, па на организмот ќе му треба повеќе време да ги свари, а со тоа да потроши и повеќе енергија која ви е потребна во борбата против болеста.

Брокула

Иако брокулата е богата со хранливи материја, содржи и голем број влакна кои тешко се варат. Во чувствителниот период се препорачува да јадете намирници кои имаат помалку влакна и кои полесно се варат.

  1. При кашлица и воспаление на грлото

Избегнувајте:

Свеж зеленчук

Храната која е тврда или шилеста потешко се голта и предизвикува силна иритација.

Цитруси

Цитрусите за време на вакви симптоми може да биде меч со две острици. Од една страна, со нивен внес го зголемувате присуството на витамин Ц во организмот, како и количина на електролити како што е калиум. Од друга страна, нивото на киселост во цитрусите може дополнително да го иритира грлото.

  1. Кога ве боли стомакот, имате дијареја или мачнина

Избегнувајте:

Млечни производи

Тие содржат лактоза, која желудникот ја обработува благодарение на стомачниот ензим кој се нарекува лактаза. Во случај на дијареја овој ензим може да потроши, па не е баш најдобра идеја да внесувате млечни производи бидејќи само ќе ви ги засили симптомите.

Житарки

Житарките имаат голема количина нерастворливи влакна, па може да пројдат низ цревата побрзо од останатите намирници, што не е добра идеја доколку имате ваков проблем. Истото важи и за кафениот ориз.

Грав

Шеќерите кои ги содржи гравот може да го иритираат стомакот и да ја поттикнат дијарејата.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....