03:41 - 8 ноември, 2026

На ОВИЕ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО никогаш не смеете да нанесувате парфем

Нанесувањето на парфемите е еден од омилените ритуали на жените, особено кога се работи за нивниот омилен мирис.

Но, колку и да се чини невозможно, може да се погреши и да се претера со парфемите.

Затоа, на овие делови од телото никогаш не ставајте парфем, колку и да ви изгледа тоа логично:

Коса

Косата природно апсорбира мириси па затоа на многумина им изгледа како добра идеја да распрскаат парфем врз нејзе. Но, ова треба да се избегнува, особено со парфемите врз база на алкохол. Наместо тоа, прснете еднаш врз четката за коса и исчешлајте се.

Дланки

Логично е да нанесете парфем на зглобовите на раката, но избегнувајте да го ставате на дланките. Најпрво, може сериозно да ви ја исуши кожата, а може да се случи и да ги протриете очите и да предизвикате сериозна иритација.

Пазуви

Под пазувите нанесувајте само дезодоранс или антиперспирант. Парфемот во допир со потните жлезди може да направи иритација на кожата.

Гениталии

Никако не ставајте парфем во интимното подрачје, дури ни ако е наменет за тоа. Последиците може да бидат многубројни, од непријатно пецкање па до инфекција со исцедок.

Не заборавајте

Парфем се нанесува на пулсирачките точки како што се зглобовите, вратот и зад коленото. Најефикасно е ставањето парфем на вратот, во делот зад ушите.

БОНУС ВИДЕО:

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....