09:31 - 8 ноември, 2026

Кендал Џенер и Џенифер Лопез се новите заштитни лица на Версаче кампањата (ВИДЕО)

Кампањата е инспирирана од легендарниот фустан на пејачката.

Кендал Џенер и Џенифер Лопез се заштитни лица за новата кампања на брендот Версаче.

Колекцијата е инспирирана од злениот џунгла принт, истиот оној кој Џенифер го носеше на фустанот на доделбата за Греми наградите во 2000 година.

Twitter/YouTube

Поради пребарувањето на овој фустан на интернет, Гугл беше приморан да измисли пребарување со фотографија.

„Горда сум што пребарувањето со фотографија на Гугл е измислено откако Џенифер го носеше тој фустан. Денес, славиме момент кој го овозможи оваа прекрасна жена“, рекла дизјанерката Донатела Версаче.

Новата кампања е инспирирана од иднината, а Кендал и Џеј Ло ги пишуваат своите имиња во холограмското пребарување.

Како што велат од Версаче, ова го претставува времето во кое живееме, а во кој нашиот имиџ се дефинира со тоа како се претставуваме на интернет.

Twitter/YouTube

„Овој фустан навистина одбележа еден момент во мојата кариера. Сон ми беше повторно да соработувам со мојата пријателка Донатела, за да направиме нешто ново од тој историски момент“, рекла Џенифер во соопштението.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....