12:08 - 29 ноември, 2026

ФОТО: Контроверзен богаташ – На свадба дошол со 6 трудници, сите бремени од него!

Ова не е некаков филмски трик. Само живееме одличен живот, изјави Прити Мајк и напомена дека тие се среќно семејство. Следбениците под фотографиите му пишуваа дека не им е јасно што се случува во неговиот живот…

Контроверзниот богаташ и сопственик на ноќниот клуб „Mike Eze-Nwalie Nwogu“, попознат под името Прити Мајк, ја изненади јавноста откако на венчавката на пријател од Нигерија дошол со шест трудници. За работата да биде уште почудна, тој изјавил дека сите жени се бремени од него.

Фото: Инстаграм


Со 250.000 следбеници на социјалните мрежи тој сподели фотографии од венчавката со сите шест девојки кои биле слично облечени.

Фото: Инстаграм

„Ова не е некаков филмски трик. Само живееме одличен живот“, изјави Прити Мајк и напомена дека се среќно семејство. Но, на неговите следбеници нешто не им беше јасно, па во коментарите постојано прашуваа што се случува и дали ова воопшто е нормално.

Фото: Инстаграм

„Збунета сум“, коментираше нигериската актерка и режисерка Етиноса Идемудиа.

Фото: Инстаграм

Уште претходно овој богаташ тврдеше дека има повеќе љубовни партнерки истовремено. Минатата година тој позираше со пет жени и изјави дека сака да се ожени со две поранешни девојки и три сегашни.

„Сите имаме соништа и фантазии“, изјави тој.

Фото: Инстаграм

Пред три години Мајк, според пишувањето на нигериските медиуми, бил уапсен поради тоа што на девојките им ставал ланци и ги шетал на улица. Потоа потпишал изјава дека повеќе нема да го прави тоа, ниту пак ќе прави други деградирачни работи над жените.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....