9.8 C
Скопје
12:44 - 31 март, 2026

Десерт кој ќе ви го направи денот поубав – Палачинки со вкус на кафе

Прекрасен десерт кој ќе ви го направи денот поубав, пробајте ги овие превкусни палачинки…

Потребни состојки:

80 г брашно
1 лажица шеќер
1 лажица инстант кафе
1 лажичка ситно рендано чоколадо
2 јајца
1 жолчка
20 г растопен путер
млеко по потреба
прстофат сол
шлаг
цимет
овошје (по желба)

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко.

Оставете ја сместа да отстои еден час. Палачинките пржете ги на путер. Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет. По желба додадете и некое овошје.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....