7.8 C
Скопје
00:14 - 19 октомври, 2026

Редовниот секс ве прави посреќни, помлади, но и попаметни!

Веројатно сте слушнале за позитивните ефекти од редовниот секс за вашето здравје, како зајакнување на имунoлошкиот систем, намалување на крвниот притисок и согорувањето калории. Но, дали знаете за долгата листа на психолошки позитивни дејства од редовниот секс?

Стресот може да предизвика сериозни последици по вашето здравје, како главоболки, немирен сон, намалување на имунитетот, па дури и хронична депресија. Најновите истражувања покажуваат дека физичката и емотивната блискост со партнерот го намалува нивото на стрес и го зголемува нивото на допамин, ендорфин и окситоцин кои помагаат за зголемување на мотивацијата, чувството на исполнетост и среќа.

По оргазам, во телото се лачи хормонот пролактин што предизвикува чувство на опуштеност, што пак, придонесува за мирен сон. За време на просечен сексуален акт, мажите согоруваат околу 100 калории, а жените околу 70.

Редовниот секс ја зголемува самодовербата, како кај мажите, така и кај жените. Сексот не е само основна физичка човечка потреба, туку и битен дел од љубовта и поврзаноста меѓу партнерите.

Сексот ве прави попаметни. Самиот сексуален чин го менува хемискиот состав во мозокот и има докази дека сексот го зголемува вашиот когнитивен капацитет. Истражувањата покажале дека оргазмот кај жената ги активира сите делови од мозокот.

Сексот исто така придонесува да изгледате и да се чувствувате помладо. Едно истражување покажува дека редовниот секс придонесува и мажите и жените да изгледаат помлади за пет до седум години од нивната вистинска возраст. Младешкиот изглед придонесува да имате поголема самодоверба, да се чувствувате посреќно и да имате поголем ентузијазам за животот.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....