32.8 C
Скопје
19:27 - 20 август, 2026

МОМЦИ, МОЛЧЕТЕ! Овие нешта НИКОГАШ не смеете да ѝ ги кажете на вашата партнерка

Кога сексот е добар, зборовите се излишни. Но, не секогаш можете да очекувате дека и двајцата сте максимално расположени за игра во спалната соба.

Доколку се случи нешто такво, може да дојде до непријатен разговор во кој избрзано ќе се кажат нешта кои реално и не ги ни мислите.

Затоа, овојпат се обраќаме на момците, воздржете се од овие изјави:

„Тој оргазам го одглуми, нели?“

Најпрво, не го правете тоа веднаш по сексот. Можеби и нејзе нешто ја мачи, а не сака да ве товари и вас со тоа. Ако тој впечаток го имате подолго време, тогаш разговарајте и објаснете ѝ дека ви е поважно да имате доверба еден со друг и да ви биде убаво заедно, отколку да имате оргазам по секоја цена. На тој начин ја создавате меѓусебната почит.

„Не сега, сакам да читам“

И вие како маж имате целосно право да сте уморни и нерасположени за секс, колку и да ви изгледа тоа неверојатно. Но, подобро е да ѝ објасните дека сте уморни или дека не ви е до секс, наместо да измислувате други извинувања.

„Ајде да пробаме нешто откачено“

Многу е веројатно дека и таа има „откачени“ фантазии, па подобро би било да почнете со „Си размислувала ли некогаш за…“ отколку да ја презентирате вашата идеја. Секако, задолжително завршете со „Што мислиш ти за тоа?“ и дајте ѝ време да размисли до каде би можела да оди и колку откачено е за нејзе во ред.

„А зошто не се тестираш…“

Никако не смеете да ѝ пристапите така, како да ја обвинувате дека можеби има некоја болест. Променете го пристапот и предложете заедно да се тестирате, за да можете целосно да уживате во сексуалниот живот.

„Ова ти е супер? Не би рекол“

Сосема е во ред да не ви се допаѓаат некои нејзини предлози, како и нејзе некои ваши. Но, во овој случај никако не се потсмевајте со нејзините идеи бидејќи ја навредувате. Подобро е да ја мотивирате поотворено да зборува за своите желби, дури и за оние најоткачените, за да успеете да најдете заеднички јазик.

Слични објави

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

Каков фустан да избереме кога сакаме да оставиме впечаток? „Прагма“ го има одговорот

Еспресо
Се вчитува....