22:23 - 29 ноември, 2026

Антонио Бандерас има големи планови за својот мјузикл!

Антонио Бандерас (59) ја восхити јавноста со својот мјузикл кој го постави во поранешното кино во родниот град Малага, пишува thelocal.es.

Претставата „A Chorus Line“ се изведува на шпански јазик. Станува збор за адаптација на бродвејскиот хит од седумдесетите години, а работата се врти околу групата на танчери, кои се пријавуваат за улога во новиот мјузикл. На овој начин се открива приказна за театарот и уметниците кои стојат позади продукцијата.

Познатиот актер го игра ликот на кореографот Зек. Поставата за мјузиклот ја сочинуваат 26 лика и огромен оркестар. После Малага претставата се движи во Билбао, Барселона и Мадрид.

„После тоа разгледуваме можност за претставата да се прикажува во САД“, откри Бандерас. Веруваме дека публиката ќе има прилика да го гледа ова остварување и на даските на Бродвеј.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо
Се вчитува....