9.8 C
Скопје
02:27 - 29 април, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 10 јуни: Овните во финансики проблеми, Биковите се борат со некој килограм плус, а Стрелците нижат успеси на деловно поле

Овен

Ве очекуваат финансиски проблеми. Мора да верувате повеќе во себе и понекогаш да направите некое добро дело за да ви се врати со добро. Во љубовта, емотивно сте во фаза на разочарување доколку сте сами. Ако сте во врска или во брак, имате подобра клима во љубовниот живот. Не сте многу расположени во овој период.

Бик

Вие сте доста естетски тип. Искористете ги своите внатрешни ресурси, шармот, убавината во работата со којашто се занимавате. На емотивно поле, вие сте вљубени во љубовта. Не е тешко да се свртите кон вистинските личности само доколку го сакате тоа. Совет и здравје: внимавајте на телесната тежина.

Близнаци

Нема потреба премногу да се оптоварувате бидејќи сте способни да направите сѐ што треба. Ќе имате поддршка од сите со кои соработувате. Секогаш сте млади. Чувајте го вашиот дух. Ќе имате добри односи со Девица или Бик, што може да прерасне и во љубовна врска. Совет и здравје: бидете помалку нервозни.

Рак

На деловно поле, мора да покажете одреден интерес за она што го правите. Понекогаш изгледате премногу изморено и незаинтересирано. На емотивно поле, секако дека Овен или кој било друг огнен знак ќе биде добар избор за вас. Совет и здравје: движете се повеќе, потребен ви е кислород.

Лав

Можете да очекувате успешен ден на работа, кој ќе ви овозможи да славите и да добиете многу пари. Во љубовта, вие ја сакате динамиката и страста во врската, па ако сте сингл, вашиот избор ќе биде една Скорпија. Совршено ќе се надополнувате. Здравјето ви е одлично! Ви преостанува само да уживате во животот!

Девица

Добар ден за оние кои сакаат да се занимаваат со јавна работа, особено со мода, телевизија, медиуми. На емотивно поле, партнерот ги почитува сите ваши барања и желби. Доколку сте слободни, можете да бидете некој што бара премногу од другата страна. Многу барате. Совет и здравје: Не би било лошо да консумирате повеќе здрава храна.

Вага

На деловно поле, мора да го зајакнете вашиот систем на вредности. Не сте во добри односи со некој колега или соработник во знакот на Лав и Бик. На емотивно поле, не е потребно целосно да му се предадете на партнерот. Не можете да бидете негова своина. Совет и здравје: чувствителен ви е долниот дел од телото.

Скорпија

На деловно поле, имагинацијата, креативноста, внатрешната енергија можат да ве доведат до посакуваната цел. На емотивно поле, бегајте од една Девица која постојано ве блокира. Колку и да ви се чини дека има добри намери, таа личност секогаш ви работи зад грб: Совет и здравје: внимавајте на ‘рбетот, коските.

Стрелец

На деловно поле, сите гледаат дека сте многу способни. Не треба премногу да се докажувате. На емотивно поле, имате харизма и идеја како да го освоите партнерот. Добри односи со Вага, друг Стрелец или со Рак. Совет и здравје: Не сте одговорни кон себе. Сè сфаќате лесно, особено здравјето.

Јарец

На деловно поле, многу погрешно ги проценувате луѓето околу вас, иако тоа е нетипично за еден Јарец. Поправете го таквиот став. На емотивно поле, една Девица мисли на вас. Одамна не сте се слушнале. Очекувајте контакт со неа, телефонски, средба… Совет и здравје: Размислете да одите на лекар, барем на рутинска контрола.

Водолија

На деловно поле ве очекуваат настани, дури и премногу за еден ден. Не сте се организирале за ваквиот распоред. Покренете се барем во попладневните часови. Во љубовта – дали сакате да се фокусирате на сериозна врска или на авантура? Вие самите треба да ја разрешите оваа дилема. Здравје: латентна анксиозност.

Риби

На деловно поле, ништо не правите со сила. Ги имате сите аспекти да се покренете најдобро што можете и да заработите добри пари. На емотивно поле, копнеете по љубов и искрени емоции. Вашата душа може да се поврзе со личност од знакот Бик или Вага. Совет и здравје: важно е да сте расположени и позитивни.

Слични објави

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....