23.8 C
Скопје
15:05 - 29 септември, 2026

5 најглупави совети за секс што сме ги слушнале досега

НИКОЈ, НИКОГАШ И НИКАДЕ НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВА. 

Тие се навреда за достоинството, бесмислени, а во некои случаи завршуваат дури и со физичка повреда!

Ултимативната Библија за женското сексуално ослободување и будење во Америја „Космополитан“, изминатите децении донесе многу корисни и практични совети, но има и глупости што никако не смеете да ги послушате докулку сакате исполнет и среќен сексуален живот!

Избегнувајте смеење

„Обидете се да избегнете сè што може да ве насмее во кревет, бидејќи подрипнувањето на стомакот може да направи да се почувствувате несигурни“.

Сексуалниот однос помеѓу две лица е прашање на опуштеност и доверба, а доколку го имате со некого пред кого не можете да се насмеете – добро размислете дали ви е потребен таков партнер.

Фото: Архива

Облечете мокра маица во кревет

“Мојата поранешена еднаш легна со влажна бела маица. Сцената беше: вилицата ми падна”. Ник, 30

Абе ајде?! Подобра глетка од, да речеме, голи гради? Сигурен си Ник?

Покрај тоа што е многу непријатно да носите влажна маичка и можеби ќе ризикувате да настинете, ќе ја намокрите постелнината, ќе мора да ја смените … и ќе ја носите многу, многу кратко! Дали има некој дел од носењето на мокра маица што е всушност секси?

Фото: Архива

Бидете груби кон неговиот орган

“Девојки, нашите интимни делови не се толку чувствителни. Може да бидете погруби, притиснете ги посилно, фатете ги како да молзете крава. Можеби мислите дека ги повредувате, но гарантирам дека ќе бара уште. ” Стивен, 23

Освен ако „Стивен“ нема фетиш и не е мазохист, ова е веројатно најлошиот совет што некогаш се појавил на Интернет! Мажите пролеваат солзи дури и ако случајно ги подудрите во меѓуножјето, а замислете каков ефект може да предизвика намерната грубост. Никогаш, дури и во лудило, не го слушајте Стивен!

Фото: Архива

 

Зборувајте со различен акцент

„Следниот пат кога ќе легнете, разговарајте со странски акцент и видете колку долго ќе издржите.

Дали сакате некој да ви се смее тогаш кога треба да се чувствувате посакувано и привлечно?

Награди го и казни го

“Прашајте го кој е вашиот омилен филм, боја и слично, и ако го каже точниот одговор, наградете го со 10 секунди орален секс. Ако направи грешка, истурете врел восок врз неговите гради”.

Не, не смее да постои врска во која е физички казниво да заборавите некоја ситница од животот на вашиот партнер!

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....