6.8 C
Скопје
02:53 - 18 април, 2024

КОКОДАКАЊЕ: Е*ати „совпаѓањето“ кога жена ти ја споредуваш со грав, а швалерката со пробиотик

Многу ретко кој има верификуван профил. Како бе така дечки? Еден ми вика: „па не се јаде грав секој ден!“ Мајката! Жена ти со грав ја споредуваш? Швалерката што ќе ти биде? Пробиотик за смирување гасови од гравот или…?

Тиндер е лесно запалива супстанца која се користи за запалување и разгорување. Знаевте? Јас немав појма. Дознав кога седнав да пишувам текст за Тиндер, оној Тиндер кој јас го знам… и уште милијарда корисници. Оној за распалување страст, љубов или расправии и караници. Користите Тиндер? Јас да!

Малку факти за „распалувачот“: Тиндер е американска апликација за геосоцијално вмрежување и запознавање преку Интернет, која им овозможува на корисниците анонимно да повлечат прст лево ако не им се допаѓа профилот или десно ако им се допаѓа. Профилите на корисниците генерално ја содржат нивната фотографија, кратка биографија, листа на нивните лични интереси, како и тоа дали бараат профили од машкиот или женскиот пол. Тука нема ограничувања, ако сте машко да не можете да барате мажи, или ако сте женско да не можете да пребарувате жени. Откако двајца корисници ќе се „совпаднат“, тие можат да разменуваат пораки.

Тиндер беше лансиран во 2012 година, а веќе во 2014 година регистрираше околу една милијарда „совпаѓања“ дневно. Тиндер првично бараше пристап до сметка на Фејсбук за да може да се користи апликацијата, но во август 2019 година овозможи корисниците да се регистрираат само со телефонски број. Од неодамна достапна е и опцијата за верификација на профилот, односно потврдување дека зад фотографиите стои истата личност, чекор кој се прави преку таканаречениот фејсскенинг (препознавање на ликот, односно ликот којшто во моментот го препознава апликацијата одговара на некоја од вашите фотографии). Но…

Фото: Приватна архива

Многу ретко кој има верификуван профил. А зошто е тоа така? Кој и што крие? Можеби се срами од самиот себе? Како што спомнав погоре, користам Тиндер веќе година дена и прсти ми паднаа од „скролање“ а еве сè уште го нема, ни принцот, ни коњот. Не знам како тоа изгледа од страна на машките профили, но јас од мојава женска страна ама ич не можам да ги разберам оние од другана страна. Како бе така дечки? Еден ми вика: „па не се јаде грав секој ден!“ Мајката! Жена ти со грав ја споредуваш? Швалерката што ќе ти биде? Пробиотик за смирување гасови од гравот или…? Е такви се повеќето на Тиндер. Женети напатени душички, што јадат секој ден исто јадење, а ни десерт не им се служи. А бе жал да те фати! Море ако ве фати жена ви!!! Ќе ви го видам фраерлукот тогаш. А истиве тврдат дека и многу мажени „виселе“ на Тиндер! Ви дала, и државта, и црквата, развод!  Не сакам да солам ни сол ни памет, од двете се фаќа целулит, од првото на тело од второто на мозок, ама сакам да најдам логично објаснување зошто некој има потреба да живее лажен живот кога секако има само еден. До толку не ви е вреден?

А оние со трудна жена? Треба да кажам нешто повеќе или да си поќутам за да не ја направам „големата“? Не можам, толку, се нервирам кога ќе се присетам…

Затоа, ќе завршам со оние исклучоци кои се нормални луѓе што не седат на две столчиња. Можеби научиле колку боли кога наеднаш ќе паднеш и од двете столчиња, а можеби и се така родени и воспитани. Вие заслужувате почит. Штета што сте само многу мал процент на апликацијата која наместо да распалува страст и љубов, распалува брачни караници.

Мими Стојановска

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо

Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

еспресо

Се огласи Тони Бијелиќ по тврдењето дека со Мелина е во Монако: Еве како Харис реагираше на ова

еспресо
Се вчитува....