19.8 C
Скопје
21:21 - 30 мај, 2026

Збогум, Сабина! Македонската јавност се простува од легендарната актерка

Сабина Ајрула-Тозија е родена на 17 април 1946 година во Скопје. Таа во „Патот до успехот“ зборува како ја запишале во градинка за да го научи македонскиот јазик. До второ, трето одделение го усвоила. За да го усоврши со внука ѝ Нарцис зборувале постојано, па со тек на време останале на него. Таа вели дека „Израснав во времето на еснафот“, растела во „мешано маало“ и „Немавме предрасуди. Сите луѓе беа еднакви“.

За љубовта кон театарот била инспирирана од нејзниот постар брат кој бил актер, па ги носел со Нарцис во театар од 6-годишна возраст, или како што вели Сабина, им создал навика за театар. Директен повод за да оди во тетар била Светлана Шопова со која работеле драми и драмолетки. Тозија завршила средно економско и за рецитација на „Сончева колона“ од Блаже Конески добила републичка награда.

Се запишала на Економски факултет бидејќи не била отворена актерската академија и по две години напуштила за да си го следи срцето и стане актерка. Не зажалила никогаш.
Како сопруга на поранешниот македонски амбасадор во Италија, Љупчо Тозија, живеела во Рим три години. Таа засекогаш ќе биде запаметена како женскиот бард на македонското глумиште, Фатиме, бескрупулозната докторка Вера Перкова во „Сенки“ и нејзината улога во „Величенствениот султан“.

Таа работела во „Драмски театар“ за кој вели дека бил авангарда на авангардите.

Нејзината смрт беше обележана од колегите, обожавателите и почитувачите:

„За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина…“, напиша актерот Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил.

„Родена глумица со раскошен повеќедецениски репертоар на сцената и на филмот. Од Фатиме до Вера, до грандиозните турски продукции. Сабина, дама и пријател. Ретка ѕвезда на нашите простори.

Сабина Ајрула Тозија (17.04.1946 – 10.08.2021)“, објави министерката за култура Ирена Стефоска.


„Еден трансфер преку Истанбул до Пекинг, и вишок 10 часа. Октомври, со дожд. Ме пречека како најдобра другарка, иако сум само пријателка на нејзиниот син. Седнавме прво на Таксим во кафулето на некој хотел избран од неа, потоа разбрав тој и бил прво сместување кога и се отвори кариерата во Турција. Велеше “Таман си помислив со Милчо го доживеав пикот во кариерата ама Вардан пратил некои мои видеа и еве ме тука”.
Искусив 4-5 часа прекрасна дружба. Преврна, па не прошета и не однесе потоа на чај ама се трудевме да не сме многу меѓу луѓе, велеше “Многу сум популарна овде, баш сум глумица! Дури и забавите на Босфор ми се дел од распоредот.”
Многу знаев за неа како публика, малку искуствено лично. Тогаш ја доживеав.
За неа НЕ МОЖАМ во минато време, таа ќе живее вечно. Нејзиниот раскош, насмевка, отменост, образованост, широчина и совршен македонски јазик!“, напиша новинарката Ана Зафирова.

„Си замина и таа, секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена. Со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав, ама многу“, се огласи Весна Петрушевска на „Инстаграм“.

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....