10.8 C
Скопје
03:45 - 25 април, 2024

 (ВИДЕО) ПОРАДИ ОМРАЗА КОН ВАКЦИНИРАНИТЕ, ОСТАНА БЕЗ РАБОТА: Жителката на Небраска не можеше да се исконтролира

Џенин Хосковец, 54-годишнната Американка од Небраска, била отпуштена од работа откако низ социјалните мрежи се рашири снимката на која таа намерно кашла во лицето на една мајка со дете. Џенин не можела да се исконтролира кога мајката ја замолила да стави маска на лицето, бидејќи таквото однесување и непочитување на мерките го загрозува здравјето на останатите во маркетот во градот Линколн.

Џенин беше толку многу изнервирана од ова, што почна намерно да кашла во лицето на шокираната жена. Она кое таа не можела да го претпостави, е дека таа мајка е една од повлијателните на социјалните медиуми и дека тој момент ќе ја чини работно место, што и се случило. Гледајќи што им приредила на посетителите, управниот одбор на германската фирма САП од Небраска, донел одлука за моментално отпуштање на Хосковец, иако во таа фирма работела долго време, и како што нагласуваат медумите, тоа било нејзината работа од соништата.

Мајката, чија ќерка го сними инцидентот, вечерта го постирала видеото на Редит, Твитер и Фејсбук, а за помалку од еден ден имаше повеќе од четири милиони прегледи, не сметајќи на тоа што некои телевизии го пуштија и во дневникот.

Подоцна се покажа дека Хосковец на била активна на социјалните мрежи, под прекарот “Анти-ваксерката Карен”.

Кога ја прашав зошто не ја стави маска, рече дека е од Небраска и целиот живот го поминала тука, како и дека ѝ е жал што некои сограѓани, во меѓувреме се претвориле во овци. Потоа, мене и детето нè праша дали сме вакцинирани и кажа дека изгледаме „млади и здрави“. Имаше уште некои луѓе со маски, но таа одлучи да нè урне мене и мојата ќерка.  Потоа неколкупати грозно се искашла, велејќи: “Се извинувам, морам да поминам покрај вас. Види колку сте слатки кога сте исплашени “. Кога ѝ се доближија останатите вработени, им рече дека кашла, бидејќи има алергија. И тие знаеа дека лаже“– рече корисничката на Редит и авторката на снимката.

Од компанијата САП велат дека немаат разбирање за ваквите испади.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени во средината во која работат, се на прво место. Секој инцидент со кои сме ние поврзани, го сфаќаме најсериозно и во согласност со тоа, веднаш носиме соодветни одлуки. Индивидуата од снимката повеќе не работи во нашата компанија – рекоа од САП.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....