15.8 C
Скопје
22:13 - 21 октомври, 2026

2 РАБОТИ ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА НАРАЧУВАТЕ ВО РЕСТОРАН: Давате многу пари, а ризикувате да добиете труење од храна

Пред да си го испланирате викенд мезето за во кафана, прочитајте ја оваа информација, особено ако сте љубители на морска храна.

Присила Кејси е сопственик на угостителска компанија и приватна готвачка за оние со подлабок џеб. Таа објасни што никогаш не треба да нарачувате во рибен ресторан, од неколку причини!

Свежата риба е составен дел на здравата исхрана, но не е целосно свежа во секој ресторан и некаде ќе замрзнете. Покрај тоа, тие можат да ве измамат со риба што може да го загрози вашето здравје!

Треба да се прескокнат два омилени специјалитети, советува готвачката.

Тестенини со морска храна

Звучи убаво, нели? Парчиња риба, школки, ракчиња, сите во кремаст сос. Готвачката вели – никако!

Фото: pixabay

“Тежок, кремаст сос се користи за да се маскира фактот дека морските плодови не се свежи. Ја плаќате целата цена, а добивате риба и школки со понизок квалитет или храна на која рокот наскоро ѝ истекува. Имате целосно право да го прашате келнерот каква храна тие ја користат во ресторанот и да донесете одлука врз основа на тоа “, рече таа.

Рибите и морските плодови што истекуваат во никој случај не се шега, бидејќи доволно е да бидат со малку изминат рок за да добиете труење со храна.

Фото: pixabay

Пржени и поховани лигњи

Поховани или пржени лигњи не е нешто што треба да го нарачате во ресторан. Лигњите обично се замрзнати, а врелиот процес на пржење во длабоко масло ќе го убие последниот атом на вкус во нив, рече таа.

Фото: pixabay

“Повеќето ресторани ваквата храна ја припремаат од замрзнувач. Добивате лигњи што се замрзнати, потоа одмрзнати, па поховани, потоа пржени во голема количина масло, па обилно посолени и попрскани со лимон. Секоја назнака за нивниот вкус исчезнува, а храната е мрсна и солена “, објасни Кејси.

Фото: pixabay

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....