9.8 C
Скопје
20:35 - 13 октомври, 2026

ТОПЛО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Печени пиперки со пикантен фил од фета (РЕЦЕПТ)

Полнетите пиперки со сирење се многу вкусни и се одлични и како предјадење или како главно јадење.

Овој рецепт е за четири полнети пиперки, а по желба можете да ја зголемите дозата.

Состојки:

4 поголеми пиперки
200 гр фета
Едно јајце
50 гр павлака
Бибер и сол
Маслиново масло
200 гр леб
Зачини

Подготовка:

Загрејте ја рерната. Пиперките исчистете ги од семки. Обложете ја тавата со алуминиумска фолија. Испечете ги пиперките. Откако се испечени, ставете ги во ќеса да отстојат 10 минути, излупете ги и исечете ги од страната.

Загрејте ја повторно ретната на 180 степени. Направете фил од фетата, павлаката и зачините, додадете и лут зачин по желба. Отворените пиперки полнете ги со филот и потоа завиткајте ги како сармички.

Печете 40 минути во рерната. Парчињата леб потпечете ги на тостер и на секое ставете по една од готовите пиперки.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....