8.8 C
Скопје
03:51 - 29 септември, 2026

СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ЛИ НЕКОГАШ: Од каде доаѓа името на шопската салата?

Шопската салата ја има во менито на речиси секој ресторан во Македонија, но и во соседните држави, најмногу во Бугарија и Србија.

Се работи за комбинација која ни е добро позната на сите – краставици, домати, кромид и сирење. Во некои верзии има и парчиња пиперка, а некои го изоставаат кромидот или пак врз сирењето додаваат и сецкан магдонос.

Се верува дека името на салатата доаѓа од Шопите, група народ кој е потомок на Печенезите.

Географскиот реон Шоплук опфаќа делови од западна Бугарија и североисточниот дел од Македонија, како и југоисточна Србија и сосема мал дел од Грција.

Шопите произведувале вкусно сирење, кое го додавале во салатите. Се верува дека денешниот рецепт им го должиме токму нив.

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....