23.8 C
Скопје
22:29 - 8 септември, 2026

Совршени бомбици од само четири состојки за сите љубители на кокосот – Колачиња кои се топат во устата!

Сочни, слатки и вкусни … на многумина омилените Рафаело бомбици можете да ги подготвите од само четири состојки. Ќе го обожавате овој рецепт!

Потребни состојки:

100 гр кокосово брашно (плус 50 гр за валкање)
300 гр бело чоколадо
150 мл слатка павлака
јаткасти плодови по желба (лежник, бадем, ореви)

Фото: Профимедиа

Подготовка:

Искршете го чоколадото на парчиња. Загрејте ја слатката павлака до вриење, а потоа прелијте ја врз чоколадото. Мешајте со лажица додека чоколадото да се стопи и додека не добиете компактна смеса.

Во смесата од чоколадо и павлака додадете го кокосот, па оставете ја смесата да се олади на собна температура. Изладената смеса ставете ја во фрижидер на еден час дополнително да се стегне.

Со лажица вадете од смесата, па со рацете обликувајте ги бомбиците кои ќе ги извалкате во кокос. Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата смеса. По желба во средината од секоја бомбица ставете орев, бадем или лешник. Кокос бомбиците постојано чувајте ги на ладно.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....