17 C
Скопје
04:25 - 20 јуни, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ НЕОДОЛИВА ТОРТА СО БЕЛГИСКО ЧОКОЛАДО: Лесна и здрава торта за секоја пригода

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Што му недостасува на твојот ден? Вкусна чоколадна торта со белгиско чоколадо и свежи јагоди
Вкусна, лесна и здрава торта за секоја пригода и уживање!  Јас најдов многу свежи и сочни јагоди на пазарче, па се одлучив за следниот рецепт во комбинација со квалитетно белгиско чоколадо – вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки

За долниот дел
– 300гр. DIET плазма
– 100гр. солен бадем
– 70гр. путер
– 3 лажици какао
– сок од 1 цеден портокал
– 2 големи лажици мед

За кремот од чоколадо
– 200 мл. млеко
– 10 лажици бадемово брашно
– 1 кора портокал
– 2 јајца
– 2 лажици масло
– 1 прашок за пециво
– 100 гр. белгиско чоколадо
– 1 прстофат сол

За кремот од ванила
– Шлаг крем од ванила
– 50мл. оризово млеко

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)


Начин на подготовка

За долниот дел

Растопете го путерот, додадете ги мелените бисквити и бадемите. Промешајте со мед, какао и сок ид портокал. Истурете ја смесата на округлиот сад и оставете да се стегне.

За чоколадниот крем

Изматете ги јајцата и млекото. Додадете го полека бадемовото брашно, маслиновото масло, сол, кората од портокал и матете се додека не се изедначат состојките. Потоа, додадете го чоколадото и промешајте со лажица. Истурете ја смесата во садот каде што го направивте првиот дел и заедно печете околу 6 минути на 200 степени.

За кремот од ванила

Истурете ги шлаг кремот од ванила и додадете оризово млеко. Матете се додека не добиете цврст крем.

Јагодите исечете ги на тенки парчиња, со кои ќе го покриете горниот дел.

Кога ќе се испече чоколадниот дел, оставете го да се излади, па премачкајте го со кремот од ванила. Додадете ги јагодите врз кремот, а за дополнителен вкус искршете киндер јајце.

Уживајте!

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....